Досега општините кои спаѓаат во Југозападниот плански регион, стравуваа и не сакаа во нивната општина да се гради регионална депонија. Денес кога се увидоа предностите од реализација на еден ваков проект секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија.
Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај.
„Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти како ќе се договорат, тоа би требало бидејќи има и голема Европска помош за тоа дадено, значи за техничка подготовка и да се направи еден тендер во кој што ќе се определи кој ќе биде тој што ќе стопанисува со таа депонија, а многу ќе има предности и користи за сите општини, бидејќи трендовите насекаде и во Европа е од тие депонии да се прави профит“.
Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза. Има стратегија за иновации, но недостасува мотивација на луѓето кои работат во Југозападниот плански регион, смета Пенев.
„Кога би имала законска можности пакинтерно да се договорат некој процент од тие средства кој ќе ги донесе тој Центар да им припаде на луѓето кои што се вработени, претпоставувам дека ќе бидат многу помотивирани но во сегашната состојба тие не го добиваат тој процент и едноставно ги работат работите едноставно како што и насекаде се работи во администрацијата, секако си ја завршуваат работата професионално, ама не доволно ефективно“
Изградбата на регионална депонија години наназад се јавува на листата на најприоритетни проекти на Југоазпадниот плански регион. Имајќи го во предвид фактот дека во овој регион спаѓаат и туристичките центри во Македонија, треба час поскоро да се пристапи кон негова реализација, сметаат од Форум Центар за стратешки истражувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град