Утре се вози во Сепанг

Големата награда на Австралија, без оглед на силните возбудувања веќе е архивирана.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sepang
Сепанг

Во недела на патеката во Сепанг, Малезија (11 часот), се вози втората трка сезонава, а слично како и во Мелбурн, се очекува таа со своите 56 круга да донесе неколку одговори, но и нови прашања.

Сепанг е една од најмладите патеки во Ф1 светот. На елитата и се придружи во 1999 година, а прв победник беше Еди Ирвајн од Ферари. Рекордни три победи има Михаел Шумахер, а последниот кој славеше беше уште ден возач на Ферари, Кими Раиконен.

Посебна приказна е времето. Временските прилики на југоистокот на Азија многу се чудни, па тимовите се подготвени на се’. Условите варираат од тропски горештини до монсунски дождови. Последните прогнози велат дека в недела за време на трката ќе има грмотевици, но со температура која достигнува и 35 Целзиусови степени. Но, тоа не значи дека во одредени моменти силно ќе грее сонцето и ќе ги фрли во кош сите клупски тактики. Тоа е едноставно Сепанг!

SepangКлучното прашање е дали ќе се задржи ритамот од Австралија. Ако може, тогаш логично е да се очекува борба за третата позиција зад Џенсон Батон и Рубенс Барикело. Тешко е да се поверува дека останатите можат за една недела да направат значајни поместувања, иако е факт дека ова е патека на Ферари и дека токму овој тим со Раиконен и Маса имаше најдобри две времиња на вториот тренинг.

Првиот слободен тренинг го обележаа возачите на Вилијамс. Тој тренинг беше возен по речиси невозможни услови бидејќи температурата достигна 42 степени, но Вилијамс беше доминантен во такви услови, како и на тренинзите во Австралија. По трет пат најбрз беше Нико Розберг, а го следеше колегата Казуки Накаџима. Веднаш зад нив беа славениците од Мелбурн Батон и Барикело.

За време на вториот тренинг паднаа неколку капки дожд и возачите мораа да покажат други способности. Како што веќе кажавме најдобро реагираа Раиконен и Маса од Ферари. Надежите на Рос Браун завршија на шестото и седмото место.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top