Македонија и Охрид промовирани во Monterrey MEXICO

Охриѓанецот Емил Балески ги  промовираше Македонија  и Охрид на меѓународниот настан во градот Monterrey во  Mеxico во рамките на интернационалната вечер на студенти од целиот свет.

 |   | 

Охриѓанецот Емил Балески ги промовираше Македонија и Охрид на меѓународниот настан во градот Monterrey во Mеxico во рамките на интернационалната вечер на студенти од целиот свет.

Целта на оваа интернационална вечер е промоција на различни земји и градови од каде што доаѓаат студентите. На овој меѓународен настан присутвувале учесници од различни земји од сите континети. Сите земји учеснички на настанот имале свој штанд на кои ги претставиле својата земја и својот град, традициите, подготвиле национални јадења, а на штандовите имало и национални пијалоци, како и промоција на националната музика и танци.

Македонија, односно Охрид имал свој штанд на кој што Емил Балески бил единствен претставник од Македонија. Останатите студентски делегации биле побројни. Емил е на студентска размена на Универзитетот во Monterrey во Mексико во траење од еден семестар, а инаку е редовен студент на трета година на Универзитетот за применети науки “Fontys” во Холандија- студиска група меѓународна бизнис економија.

Главната цел на овој интерконтинентален собир и забава на студентите кои се на студентска размена (exchange students) во Monterrey Mexico се разбира е меѓусебно запознавање со различните културии традиции преку песна и игра, како и промоција на земјите и градовите на студентите од сите страни на светот, кои доаѓаат еден семестар на студентска размена во Monterrey Mexico.

Претходно за студентите од целиот свет било подготвено студиско патување за запознавање со убавините на Мексико- земјата домаќин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top