Фудбалскиот Клуб „Охрид 2004“ реагира

На вчерашниот телевиски дуел помеѓу двајцата кандидати за градоначалници, кој се емитуваше на нашата телевизија, од страна на кандидатот Александар Петрески беа упатени обвинувања до раководството на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“за негова партизација и местење на  натпревари.

 |  Крсте Голабовски  | 
trofej
трофеј

На вчерашниот телевиски дуел помеѓу двајцата кандидати за градоначалници, кој се емитуваше на нашата телевизија, од страна на кандидатот Александар Петрески беа упатени обвинувања до раководството на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“за негова партизација и местење на  натпревари.

Од страна на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“ денес се огласија на прес конференција, на која техничкиот директор на клубот  Влатко Димовски изјави, дека на последно собрание на клубот свикано на 10/11/2008 година во просториите на Ј.П Комуналец, бил конституиран Управен одбор на кој биле избрани технички и спортски директор како и Надзорен одбор.  Што се однесува до обвинувањата за партизацијата на клубот, Димовски истакна дека повеќето од членовите на управниот и надзорниот одбор не се членови на ниту една партија. Тој исто така реагираше и на обвинувањата за наводните местења на натпревари и најави приватна кривична пријава за Алексанадар Петрески.

Димовски исто така истакна дека патните трошоци кои се направени од првата постава на клубот како и трошоците на кадетските и младинските екипи се покриени од страна на фудбалскиот клуб. Тој додаде дека крајно време е спортот во Охрид да престане да биде користен за дневно политички цели.

Vlatko DimovskiНа вчерашниот телевиски дуел помеѓу двајцата кандидати за градоначалници, кој се емитуваше на нашата телевизија, од страна на кандидатот Александар Петрески беа упатени обвинувања до раководството на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“за негова партизација и местење на  натпревари.

Од страна на фудбалскиот клуб „Охрид 2004“ денес се огласија на прес конференција, на која техничкиот директор на клубот  Влатко Димовски изјави, дека на последно собрание на клубот свикано на 10/11/2008 година во просториите на Ј.П Комуналец, бил конституиран Управен одбор на кој биле избрани технички и спортски директор како и Надзорен одбор.  Што се однесува до обвинувањата за партизацијата на клубот, Димовски истакна дека повеќето од членовите на управниот и надзорниот одбор не се членови на ниту една партија. Тој исто така реагираше и на обвинувањата за наводните местења на натпревари и најави приватна кривична пријава за Алексанадар Петрески.

Димовски исто така истакна дека патните трошоци кои се направени од првата постава на клубот како и трошоците на кадетските и младинските екипи се покриени од страна на фудбалскиот клуб. Тој додаде дека крајно време е спортот во Охрид да престане да биде користен за дневно политички цели.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top