Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“

Се одрона дел од потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“.  Мештаните велат дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот сид секој момент може да се урне. Од Секторот за комунален развој веќе излегле на терен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Студот, мразот, големата влага и температурните разлики причина за одронот на дел од ѕидот во стариот дел на Охрид. Мештаните велат дека состојбата е ваква веќе една недела и дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот ѕид секој момент може да се урне.

Стручни екипи од Секторот за комунален развој извршија увид на терен и констатираа делумно оштетување на еден од потпорните ѕидови по должината на ул. „Григор Прличев“. По одржаните консултативни состаноци со стручните служби  и раководните лица во секторот одлучено е веднаш да бидат превземени мерки, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој улици и патишта.

Веќе е испратено барање до ЈП „Градски гробишта“ кое е задолжено за санација, изведба и реконструкција на потпорни ѕидови на територија на општина Охрид да направи премер пресметка за финансиската конструкција за санација на овој потпорен ѕид.

Додека завршиме со оние административни работи во текот на следната недела Секторот за комунални дејности ќе склучи договор со ова јавно претпријатие и негови екипи ќе можат да излезат на терен и да започнат со градежните работи за санација и реконструкција на овој потпорен ѕид, вели Танески.

Засега нема други пријави до секторот за оштетени потпорни ѕидови во градов, но Танески вели земајќи ги во предвид временските услови и најавените врнежи од дожд многу лесно може да се случи потпорните ѕидови да попуштат и на други места. Од секторот заедно со јавните претпријатија се подготвени да интервенираат каде што е потребно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top