Во Вевчани ќе се гради фабрика за производство на вода

Водата од Вевчанските извори е квалитетна. Тоа ќе се искористи за новиот проект кој го најавува вевчанскиот градоначалник, изградба на фабрика за производство и флаширање на вода за пиење. Експертите веќе го дале своето позитивно мислење околу реализација на овој проект.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Вевчанските извори препознатливи по својата убавина и заштитени како ретко природно богатство ќе добијат уште едно значење, дел од нив ќе се искористува за производство на флаширана здрава вода. Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски открива дека веќе неколку странски компании биле заинтересирани да инвестираат во изградба на фабрика.

„Во последно време во Вевчани беа дојдени професори од Лондон кои зедоа и примерок од водата да ја испитаат, тоа беше во ноември месец тие беа и сега во јануари 7 дена се заинтересирани за фабриката за вода за пиење и флаширање“.

Угриноски во интерес што поскоро да се отпочне со производството на вода за потенцијалните инвеститори веќе ја има одредено и можната локација која според него е мошне погодна и атрактивна.

„Понудивме локации во Суво Поле покрај бензиската пумпа имавме неколку локации кои се на РМакедонија, а би каптирале посебен извор, ги видоа изворите каде што можат за да не им се наштите на останатите изворите кои се заштитени“.

Вевчанскиот градоначалник очекува оваа година да се реализира овој проект, бидејќи првичните проценки на универзитетските професорите биле позитивни. Инаку градоначалникот тврди дека водата на вевчанските извори е квалитетна со исклучок на некои од изворите каде во анализите покажува присуство на камен особено тоа се однесува на изворите кои извираат од карпест предел.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top