Оваа зима врие од глувци во градов

Оваа зима врие од глувци во градов. Посебно се жалат граѓаните од стариот дел и од населбата Бараки. Од Центарот за јавно здравје пред неколку месеци извршија дератизација, но овие глодари сеуште ги има во голем број. Од таму велат доколку добијат поплаки од граѓаните ќе вршат дополнителна дератизација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид.

Ако е потребно ние ќе извршиме и дополнителна дератизација. Само граѓаните треба да пријават кај нас каде точно е забележана поголема појава на глувци за да можиме да интервенираме, вели Коровешоска.

Глодарите покрај што предизвикуваат материјална штета тие се предизвикувачи и на многу заразни болести било директно или преку вектори. Стурлакова вели граѓаните доколку забележат дека има глувци во нивните домови или околина да користи само лепак. Отровите како хемиско средство треба да се поставуваат од стручни лица од Центарот за јавно здравје, додава таа.

Најдобро е сами граѓаните ништо да не преземаат. Ние повторно ќе поставиме отров во канализацијата. Единствено граѓаните можат да се заштитат доколку ги санираат објектите бидејќи тие го користат секој мал отвор за да влезат во просторот каде создаваат цели семејства бидејќи многу брзо се размножуваат, вели Д-р Коровешоска.

Според предвидениот план за работа на Ценатрот за јавно здравје дератизацијата се прави двапати годишно, напролет и наесен. Редовна дератизација од Центарот за јавно здравје прават и на хотелите, болниците и училиштата. Пред почетокот на учебната година дератизација беше направена околу сите училишта во градов и општина Дебрца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top