Невработените работници со над 25 години работен стаж , жртвите на транзицијата уште еднаш укажаа дека Владата не го прифаќа нивното брање за водење социјален дијалог , истакна претседателот на оваа категорија граѓани Иван Николоски.

„Владата не сака да помисли дека како категорија на граѓани сме доведени до питачки стап. Оваа влада не го прифати ни нашето барање за социјален дијалог, едноставно не сакаат ни да чујат за дијалог, а камоли решавање на нашиот проблем “ рече Николоски. Владата во нас гледа безвредни граѓани, а вредиме само на денот на изборите. Им требаме само како гласачка машинерија.
Во име на оваа категорија граѓани Николоски, порачаа да не сметаат на нивните гласови. „Ќе излеземе да гласаме за градоначлник , но не и за претседател на држава па нека види светот со каков народ и влада работи Македонија“ истакна Николоски.
„Ние не бараме политика , нашите барања и мака се од социјален карактер ,но кога Владата постапува кон нас со политика пред гласање, ние ќе возвратиме вака истакна на денешната прес конфренција Иван Николоски, а по вчерашните протести одржани пред Владата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град