Фијат Цаноски има подршка од 6 политички партии

Од ВМРО ДПМНЕ велат подржуваат личност а не политичка партија.

 |  Билјана Kолоска  | 
Fijat Canoski
Фијат Цаноски

Зад кандидатурата на Фијат Цанокси застана во моментов најголемата политичка партија од македонскиот блок, Вмро Дпмне.

Официјално ова го потврди Славко Котески, првиот човек на комитетот на оваа партија. Решивме да го подржиме овој кандидат бидејќи не сме задоволни од работата на актуелниот градоначалник, Рамзи Мерко. Не сакаме јавноста ова да го свати како анти албанска коалиција, бидејќи ние застануваме зад личност а не партија, додава Котески. Додека тој и неговото членство обелоденија за подршката на Цаноски, министерот Милошоски се огради од ова прашање.

Fijat Canoski„Струга е специфицен град. Речиси сите кандидати за градоначалник беа дел од централната власт. Таа специфичност продолжува и понатаму“-вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

Тој потенцира дека тој а и неговото централното раководство на  ВМРО ДПМНЕ, се задоволни од постигнатите договори на централно и локално ниво со ДУИ.

Инаку, зад кандидатурата на Цаноски официјално, покрај СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  застанаа и Партијата на власите, ПОДЕМ, ЛДП,  како и Нова Демократија, информираат од штабот на ПЕИ. Неофицијално, ДПА во вториот круг нема да подржи ниту еден од кандидатите. Ќе остават на граѓаните да гласаат за кандидатот кој нуди подобра програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top