Македонија со најниска просечна плата во регионот

Словенија е на врвот во регионот по висината на платите

 |  инфодеск  | 

Највисока просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра.

Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра.

И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври лани беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во кога изнесувала 1.035,60 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесувала 749,70 евра (5.642 куни), во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369,70 евра.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top