Мразот не е опасност за Охридското езеро

Замрзнаа делови од крајбрежјето на Охридското езеро. Ниските температури создадоа мраз на површината на водата. Ваквата појава не е невообичаена, велат од Хидобиолошкиот завод. Додаваат дека ниските температури немаат никави штетни влијанија врз еко системот во езерото.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на  езерото.

Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.

Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе изгледа малку чудно, но на езерото му се потребни вака ниски температури бидејќи тогаш доаѓа до мешење на водата по вертикала па хранливите материи и кислородот навлегуваат и во подлабоките слоеви.

Охридското езеро за разлика од Дојранското кое е во групата на умерени езера спаѓа во групата на суптропски езера. Така што Дојранското може и целосно да замрзне, а тоа не може да се случи со Охридското освен ако се случат некои навистина катастрофални промени на времето, вели Д-р Талевски.

Моменталната температура на површинската вода во Охридското езеро е околу 10тиот степен што е во рамките на дозволеното за овој период од годината, вели Д-р Талевски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top