Расте бројот на заболени од грип

Сезоната на грип годинава започна порано од вообичаено. Во Охрид секој ден расте бројот на заболени. Докторите советуваат да се делува превентивно, а при лекувањето оваа сезона не се користи Тамифлу бидејќи го нема во државава.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Расте бројот на заболени од грип во општина Охрид. Почнувајќи од 40тата до 48та недела седмично имало од четири до шест заболени од грип, но после 48та недела тој број нагло расте. Последнава недела се пријавени 300 заболени од грип. За овој период од годината не е карактеристична олку висока бројка на заболени што зборува дека годинава многу порано започна сезоната на грип.  Тестираните примероци на вирусот покажуваат дека станува бор за грип од типот АХ3. ЗА лекување на вирусот не се препишува лекот тамифлу кој годиниве наназад се покажа како делотворен.

Тамифлу не се користи бидејќи моментално во државава не е набавен овој лек. Тамифлуто кое го имавме Центрите за јавно здравје е со поминат рок на употреба и не може да се користи, вели Д-р Јаованка Стурлакова Коровешоска.

Заболените се на возраст од 15 до 64 год. Грипот не го поштедува никого затоа докторите советуваат граѓаните да делуваат превентивно за да се заштитат од ова заразно заболување.

Редовно миење на рацете, избегнување групно собирање, внесување на витаминска храна, редовно проветрување на просториите каде престојуваат заболените, препорачува Коровешоска.

Од ЦЗЈ велат дека оваа бројка на заболени од грип очекуваат да се задржи и во наредните две недели. Среќна околност е што децата во моментов се на распуст. Коровешоска кажува дека од поранешни искуства бројот на заболени значително расте со почетокот на второто полугодие од учебната година. Се очекува и годинава да биде така па пикот на ова заболување ќе биде кон крајот на јануар и почетокот на февруар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top