Фрапантен податок за струшкото образование. Од вкупно 11 основни училишта во струшкиот регион, дури 5 од нив имаат блокирана жиро сметка. Калкулациите покажувале дека во некои од основните училишта сумите биле загрижувачки, сметаат директорите на дел од ОУ.
Пет струшки основни школи новата 2017 година ќе ја започнат со блокирана жиро сметка. Овој проблем години наназад се провлекува во ОУ „Јосип Броз Тито“, „Браќа Миладиновци“, Струга, „Зини Хани“ Велешта, „Ашим Агуши“ Радолишта и „Св. Климент Охридски“ Драслајца. Најголемиот дел од долговите се однесуваат на неплатени сметки за струја, нафта, комуналии и за превоз на учениците, вели директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески.
„Тоа трае повеќе од три години…што се однесува до материјално-финансиското работење во училиштето, можам со еден збор да речам..страшно е…Парите стигнуваат од министерството за образование до општина, општината ги префрла на наша сметка, но се случува тоа да по редослед на доспевање сите фирми што имаат за наплата стари долгови дали е за нафта, дрва и останати потреби за училиштето, кој како прв ја оптужил сметката на училиштето си наплатуваат“
Слична е ситуацијата и во ОУ „Браќа Миладиновци“. И во ова училиште сметката речиси 4 години е блокирана, пренесува директорот од ова оваа образовна установа.
„Што се однесува до блокираната сметка ние тешкотии имаме во делување на тендери за транспорт на учениците од населбите, па обезбедување на нафта за греење на учениците, па наплата на електрична енергија која се троши, итн“
Алиу открива дека уште од 2012 школото наследило долг во висина од 250 000 евра. Во моментов, дел од долгот, со помош на општината, како што вели Алиу бил вратен и моментално училиштето должело 140.000 евра. Но секојдневно кај нив доаѓале извршители кои бараат да го наплатат долгот на фирмите кои ги застапуваат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град