Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот

Општина Охрид досега има исплатено над 14 милиони евра од долгот кој го наследи од претходната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека се изнаоѓаат разни механизми за намалување на долгот и растеретување на жиро сметката на локалната.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општина Охрид досега има исплатено над 14 милиони евра од долгот кој го наследи од претходната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека се изнаоѓаат разни механизми за намалување на долгот и растеретување на жиро сметката на локалната.

Општина Охрид изнаоѓа разни механизми за справување со долгот кој општината го наследи и кој изнесува околу 40 милиони евра. Борбата со долговите на општина Охрид се одвива на повеќе нивоа. Едно од нив е сервисирање и репрограмирање на тие долгови по основ на исплата на долговите на рати и преговарање со оние компании или физички лица на кои општина Охрид им должи.

Досега се исплатени по разни  основи отприлика нешто над 14 милиони евра  обврски по сите основи. Меѓутоа она што ние го правиме за конечно решавање на овој проблем секако се преговорите со сите оние надлежни државни институции кои имаат ингеренции во буџетот на единиците на Локалната самоуправа и преку заедницата на единиците на Локалната самоуправа да издејствуваме законски измени во делот на Законот за Локална самоуправа и делот на финансирање на единиците на Локалната самоуправа кои ќе овозможат поголема слобода во делот на репрограмирање на самите долгови, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот рече дека се надева оти во 2017 год. ќе биде изнајден заеднички јазик помеѓу ЗЕЛС и државните институции со што ќе им се овозможи на сите општини во РМ кои имаат задолжување  да го решат својот проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top