ЦИВИЛ: Многу неправилности, малку демократија

Граѓанската организација ЦИВИЛ има секојдневни средби со набљудувачите во сите градови на Македонија од кои црпат дополнителни информации за евентуални неправилности на денот на изборите. Предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред една недела ни од далеку не беа ниту фер ниту демократски, вели претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓанската организација ЦИВИЛ смета дека предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред една недела ни од далеку не беа ниту фер ниту демократски. Тие бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, бидејќи како што велат, за неважечки ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите.

Очигледно е дека во Македонија политичките структури очекуваат една поинаква иднина за своите мандати, се борат за мандат повеќе кој на улица кој обидувајќи се да го  искористи словото на законот и регуларноста на изборите, односно потребата за регуларност на изборите и на почитување на изборниот законик. Ќе видиме што ќе се случи, меѓутоа доколку не се види политичка воља од сите страни сметам дека на Македонија не и се пишува добро, вели претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода Џабир Дерала.

Од „Цивил“ бараат и прегласување во 30 избирачки места во кои е забележано сериозно прекршување на гласачкото право и на изборните процедури. ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите, ревизија на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал на заинтересираните домашни и странски набљудувачи. Дерала смета дека актуелните постизборни настани, протестите пред ДИК од страна на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата дополнително ја комплицираат ситуацијата во државава.

Мора да се послуша гласот на разумот и политичката воља да и се помогне на Македонија, а не да и се помогне на партијата да освои повеќе или помалку власт. Сметам дека ова е момент кога треба сите да ги издигнат интересите на Македонија пред партиските и личните интереси, вели Дерала.

Од ЦИВИЛ бараат од ДИК да се изјасни дали има пријави по кои одлучувала и што се случи со оние гласачи кои ги немало во избирачкиот список, а ги имало во списокот на општинските изборни комисии. Инсистираат МВР да ја провери процедурата за издавање лични карти во Охрид, на самиот изборен ден и во Прилеп, на ден пред изборите. Преставници на ова граѓанско здружение имаат средби со набљудувачите во сите градови на Македонија од кои црпат дополнителни информации за евентуални неправилности на денот на изборите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top