Трките во самрак, лоша идеја

„Трките во самрак се премногу опасни и постои ризик Малезиското гран-при в недела да биде стопирано од безбедносни причини, предупредува возачот на Вилијамс“, Нико Розберг.

 |  Крсте Голабовски  | 
Niko Rozberg
Нико Розберг

„Трките во самрак се премногу опасни и постои ризик Малезиското гран-при в недела да биде стопирано од безбедносни причини, предупредува возачот на Вилијамс“, Нико Розберг.

Првите две трки од годинашната сезона во Формула 1, во Австралија и во Малезија, почнуваат подоцна од лани, поточно во 17 ч. по локално време заради привлекување поголем телевизиски аудиториум во раните утрински часови во Европа. Возачите се пожалија на видливоста пред заоѓањето на сонцето минатиот викенд во Мелбурн, а дополнителна компликација во Малезија би можеле да создадат евентуалните тропски дождови доцна попладнето, кои се честа појава во овој дел на светот.

Sepang„Ако не’ зафати монсун, трката ќе мора да биде прекината бидејќи нема да можеме да возиме при такво количество вода“, изјави Германецот на пропатување во Сингапур за потребите на спонзорот РБС.

„Сметам дека трките во самрак не се добра идеја“, додаде Розберг, кој го освои второто место во првата ноќна трка во Ф1-историјата минатата година во Сингапур. „Во Мелбурн беше очигледно дека тоа многу ја зголемува опасноста. Видливоста е многу отежната, не можете да ги видите дури ни рабовите на патеката во некои свиоци. Возев со сонце в очи и тука се губи смислата на тркањето, па навистина се надевам дека тие ќе го преразгледаат ова прашање. Дури и поместувањето за само еден час подоцна или слично би ни било од огромна помош. Завршницата од трката во Мелбурн беше навистина проблематична“.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top