„Предизвици и патокази за социјална, економски и политичка вклученост на младите во Македонија“ беше тема на панел дискусијата која се одржа во Струга, во организација на здруженијата Млади инфо интернационал и Порака Нова. Проект координаторот, Марија Матовска смета дека преку работа со институциите и со младите лица можеме да направиме подобро општество, како и со решавање на проблемот на економска стабилност.
Во Струга постои почва за младинско вклучување во носење одлуки како и големо поле за работа и унапредување на младите. Регионалниот проект „Средиште на младински банки на западен Балкан и Турција“, точно има за цел да ги стави во фокусот младите, младинските организации во решавње на одредени општествени прашања и проблеми, вели Марија Матовска проектниот координатор.
„Денеска разговаравме заедно со експертите во областите економија, како младите повеќе да се вклучат во пазарот на трудот како повеќе да имаме младинско вработување, политичката инклузија односно како младите да го кренат својот глас и да придонесуваат во носење на одлуки и како и тоа како малку повеќе да ја работиме оваа политичка димензија која што не е исто што и партиско вклучување на младите и она на кое што некако излезе да се даде најголем акцент е социјалната вклученост на младите тука зборуваме за вклученост на сите млади, но денес на крај на дискусијата малку повеќе се фокусиравме на вклученост на лицата со попреченост“ истакна Матовска.
Младите сеуште не се доволно свесни колку се моќни и колку навистина можат да се обратат до општината и да бараат нешто, смета Матовска. Таа појасна што значат младинските банки за унапредување на младите.
„Значи кога зборуваме за концептот на младински банки, конкретно тоа не се банки деловни кои што ќе даваат пари, но идејата е да се развие модел каде што младите лица или младинските организации во таа локална заедница имаат можност пред се да се обратат до општините. Општините да се обврзат дека ќе имаат средства да дадат на младите луѓе за да имплементираат различни иницијативи и активности. Еве конкретно во Струга тоа што им фали на младите спомнавме дека им фали кино и други работи“ – вели Матовска.
Еден од начините, како младите да успеат да ги реализираат своите идеи е токму преку проектот „Средиште на младински банки на западен Балкан и Турција“ нагласува Матовска. Таа укажува дека државните институции треба да се обврзат повеќе да вложуваат во младинските прашања и потреба на младите, но исто така смета дека не секогаш треба да ги обвинуваме државните институции, системот и државата како таква, туку дека треба многу да работиме и на подигнување на младинската свест односно да им кажеме на младите луѓе дека навистина можат работите тука да се сменат почнувајќи од вработување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град