Се е подготвено за спроведување на предвремените парламентарни избори

Се е подготвено за спроведување на предвремените парламентарни избори. Од ДИК велат дека нема никакви проблеми со избирачкиот список, а за сите нејаснотии граѓаните можат да се обрата до општинската изборна комисија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општина Охрид и Општина Дебрца се подготвени за спроведување на предвремените парламентарни избори , велат од ДИК. Утре ќе гласаат внатрешно раселените лица, осудениците, војската, болните и немоќните лица. Во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија ќе гласа дијаспората. Општина Охрид има 89 избирачки места. Објектите каде ќе се гласа се скоро истите како за изборите во 2014та. Има измена само на две избирачки места за што граѓаните навремено се известени.

Избирачкиот список е во кондиција да ги спроведи предвремените парламентарни избори. Оние проблеми кои се јавија пред некој ден беа од техничка природа во ДИК, не се од содржина, форма или од некоја материјална природа. Оние граѓани кои викаа дека биле, па не биле на списокот се е тоа од техничка природа. Воопшто да не стравуваат, тие се на избирачкиот список, вели Марга Димоска- раководителот на ДИК- Охрид.

На избирачките списоци за првпат пред името и презимето на секој гласач што ќе гласа во Република Македонија, ќе стои и неговата фотографија од личната карта или пасошот. На овие избори гласачите нема да се обележуваат со мастило, туку при гласањето на прстот ќе бидат обележани со невидлив спреј. Пред влегувањето во просторијата ќе бидат проверувани со УВ-ламба.

 Доколку граѓанинот е запишан во избирачкиот список, а дента на гласањето не се најде на избирачкиот список на гласачкото место на кое тој мисли дека треба да гласа треба да дојде во подрачното одделение на државната изборна комисија која ќе работи и утре и задутре па ќе биде упатен во кое избирачко место да гласа, вели Димоска.

Гласачките места треба да бидат отворени точно во седум часот, а гласањето трае непрекинато до 19 часот. Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка ученичка и студенска легитимација и друго.На избирачкиот список во општина Охрид запишани се околу 50 000 гласачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top