Петрески истакна дека цел на посетата е уште еднаш да го претстави својот реален концепт за развој наспроти – нереалните ветувања на политичките противници.
„Нашите приоритети произлегуваат од реалните и елементарни потреби на граѓаните, а не од фикс – идеите на поединци кои се во голем расчекор со времето и економските услови во кои живеат граѓаните на Охрид“ потенцираше кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески при денешната посета на Пештани. „Позначајно е да се довршат водоводните и канализациони системи, започнатата реконструкција и санација на патната мрежа, одколку да се трошат милионски износи за наколни живеалишта и скапи непотребни реклами“ додаде кандидатот за градоначалник.
„Сигурни сме дека Петрески, како градоначалник ќе работи кон решавање на проблемите кои ги мачат жителите на Пештани“ рече идниот советник Ѓорѓи Танески.
На денешната средба со жителите од Пештани, Петрески додаде дека разликата помеѓу него и политичките противници од ДПМНЕ е токму во реалноста на понудените концепти. „Ние куќата ја градиме од темелот, а тие од кровот“ рече канидатот за градоначалник од СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град