Се уништува секое атрактивно земјште во Охрид

На неколку дена пред гласањето за вториот изборен круг, раснат меѓупартиските обвинувања.

 

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Кулминираат меѓупартиските обвинувања. Конфузијата кај граѓаните се зголемува. Денеска, на најавената ексклузивна прес конференција, ОК на ВМРО ДПМНЕ презентираше документација со која, како што рекоа, се докажува непоправливото уништување на ликот на Охрид од сомнителна група на таканаречени инвеститори. Портпаролот на ОК Јованчо Секуловски, пред новинарите покажа купопродажен договор за 2 стана, склучен при крајот на минатата година, помеѓу ТД „Дебој инжинеринг“ а по овластување на ТД „Кула градба“, од една страна  и фирмата „Еуро Инвест 2007“, претставувана од управителот Игор Калајџи, од друга страна,  кој што пак на денешната прес конференција беше посочен како шеф на кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.  

 

„Предмет на овој договор е купопродажба на станови, каде што плаќањето е направено истиот ден, со сомнителна компензација меѓу посочените фирми. Се работи за атрактивни станови кои се наоѓаат на самиот кеј на езерото“, изјавија од ВМРО ДПМНЕ.

Целокупната документација за овој криминал, ОК ќе ја достави до МВР, од каде очекуваат целосно расветлување на случајот.

presНа денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник Кирил Трендфилов рече дека започнаа да се реализираат ветувањата на владата за изградба на универзитет во Охрид.

Трендафилов рече дека на неодамнешната средба со премиерот, во Охрид,  разговарале за проектите кои ќе ги финасира владата на Р Македонија. „Владата вети  дека зедно ќе го завршиме здравствениот дом, дека ќе изградиме спортски игралишта и олимписки базен на потегот билјанини извори. Исто така, премирот уште еднаш потврди дека стои зад најавата дека ќе го направиме центарот за спортови на вода во истиот комплекс и дека ќе ја изградиме марината“ рече кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top