Странците, во овој период споредено со лани, за 30 до 50 проценти во помал број го посетиле градов и оствариле ноќевања.
Странците, во овој период споредено со лани, за 30 до 50 проценти во помал број го посетиле градов и оствариле ноќевања.
Намалени се резервациите за еднодневните семинари со користење на услуги на сала и храна. „На меѓународните саеми во Лондон и Берлин се осетија притисоци од големите туроператори, кои бараат намалување на цените на туристичките аранжмани“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ и додава „Дека економската криза си го прави своето, покажуваат и резултатите од моменталната ситуација, каде што имаме намален број на туристите кои во март и април доаѓале во Охрид и остварувале во овој период од 1 до 3 ноќевања. За април има мали најави за семинари, во однос на реализираните ланската година“.
Земјите од ЕУ и од нашето опкружување веќе превзеле мерки за заштита на својот туризам. Интревенирале во подобрување на условите во хотелските капацитети, постепено се ослободуваат од плаќање или вршат намалување на даноците во делот на туризмот.
И ХОТАМ ги следи овие примери, па до македонската Влада упатиле конкретни барања. Побарале да се намали стапката на данокот на додадена вредност од 18% на 5% во однос на два сегменти, и тоа во ноќевањето и во храната во хотелите и рестораните, објаснува Танески.
Покрај оваа мерка, хотелската асоцијација побарала од Владата да го признае туризмот како извозна гранка, а аранжманите продадени вон РМ да се ослободат од ДДВ. Хотелиерите очекуваат позитивни ефекти од третaта мерка, која се однесува на субвенциите во организираниот туристички промет, кои се прифатени, но сеуште се во процедура. Се очекува наскоро министерот за економија да го стави својот потпис. Танески вели дека со прифаќање на мерките се очекува подобрување на резултатите од туризмот, а бенефит ќе имаат и хотелиерите и државата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град