ЦИВИЛ: Изборите ни од далеку нема да бидат фер и демократски

ЦИВИЛ со караван низ западна и централна Македонија. Тие ги информираат и едуцираат граѓаните што треба да направат доколку збележат неправилности во предизборниот процес и за време на самите избори. Нивните набљудувачи досега констатирале голем број прекршувања на предизборните правила. Сметаат дека изборите ни од  далеку нема да бидат фер и демократски.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Не престануваат притисоците, заканите и уцените врз граѓаните во предизборниот период за предвремените парламантерани избори во Македонија, тврдат од Цивил. Особено на мета се вработените во администрацијата и најсиромашните граѓани во државата. Тие секојдневно трпат разни манипулации и злоупотреби од страна на политичките партии. Ова го регистрирале теренските набљудувачи на Центарот за слобода Цивил во изминатиот период. Од таму велат дека најалармантна е состојбата со злоупотребата на малолетниците.

Се вршат притисоци и врз децата за жал и на малолетниците преку образовните структури за да се изврши притисок врз нивните родители. Се вршат притисоци и врз најмладите гласачи  кои годинава се стекнале со право на глас. Се врши притисок и на граѓаните кои се корисници на социјална помош, но и на сите оние кои остваруваат разни бенефити  преку субвенции и студентски кредити. Сите оружја на валканата кампања се во игра, вели Синиша Станковиќ- уредникот на ЦИВИЛ МЕДИЈА.

Она што активистите на Цивил го нотирале во изминатиот период е дека нема напредок ниту кај медиумите. Тие и понатаму, велат од Цивил, се под контрола на партиите на власт. Продолжува коруптивното однесување на политичките партии и не се знае ниту како и колку народни пари трошат во предизборниот период, потенцираат од Цивил.

Македонија за две недели ќе одржи избори без пречистен избирачки список , ДИК за жал не успеа да се извлече од политичките влијанија и не заврши добра работа со избирачкиот список. Преку 200 граѓански барања за кои ЦИВИЛ зборуваше и пишуваше минатите месеци исправени се само две имиња. Од друга страна злоупотребите се масовни, вели Станковиќ.

Преку триста регионални набљудувачи и мобилни тимови на Цивил се постојано на терен и ги регистрираат сите неправилности во предизборниот процес. Тие апелираат до граѓаните да ги пријавуваат кај нив сите притисоци и закани што ги трпат за да можат непречено и по лично убедување да го остварат своето гласачко право, а оние кои се обиделе да ги спречат, час поскоро да одговараат за тоа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top