Снегот оваа зима нема да не изненади, велат од Локaлната. Секторот за комунални дејности, улици и патишта изработи предлог оперативна програма за нормално и непречено функционирање на сообраќајот во зимски услови. Динамиката на чистењето на улиците ќе оди според нивниот приоритет. Со програмата за зимско одржување на улиците се опфатени и селските и приградските населби.
Локалната самоуправа е подготвена за одржување на улиците кои се во нејзина надлежност во зимски услови. Секторот за комунални дејности, улици и патишта изработи предлог оперативна програма за нормално и непречено функционирање на сообраќајот во зимски услови. Оваа програма е изработена во соработка со Македонија пат и СВР Охрид. Целта на оваа оперативна програма е сите субјекти заедно да делуваат за да не дојде до никаков застој на сообраќајот при поголеми врнежи од снег и голомразица.
Во моментов временските услови се поволни и граѓаните не се оптоваруваат со одвивањето на сообраќајот во зимски услови но службите на општина Охрид и кризниот штаб кој е формиран во рамките на оперативната програма секојдневно разговараат на оваа тема. Пред петнаесеттина дена имавме и сотстанок со преставници на Македонија пат и на СВР Охрид на кој ги утврдивме и критичните точки на патиштата во зимски услови и на кои треба да се обрне посебно внимание, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој, улици и патишта.
Како најкритични точки биле истакнати селските патишта и патиштата во периферијата на градот како и во стариот дел на Охрид. Согласно законот за безбедност во сообраќајот и согласно регулативата за отстранување на снегот и голомразиците улиците во општина Охрид се поделени на четири групи. Во првата група спаѓаат оние поголеми градски улици кои што се и најфреквенти и кои се приоритет за чистење, во втората група спаѓаат улици кои се со помала фреквенција, во третата група се споредните улици, а во четвртата се улиците кои се наоѓаат во периферијата на градот. Динамиката на чистењето на улиците оди според нивниот приоритет, објаснува Танески. Со програмата за зимско одржување на улиците се опфатени и селските и приградските населби
Во моментов Општина Охрид има четири важечки договори со четири различни економски оператори за одржување на патиштата во зимски услови. Тука секако е и ЈП Комуналец кое 24 часа ќе биде достапно за кризниот штаб при оваа оперативна програма за зимско одржување, вели Танески.
Општината има распишано јавен повик и за други економски оператори за понатамошно склучување на договори за чистење на улиците во зимски услови бидејќи договорите со овие четири фирми важат до крајот на годината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град