Учениците од спортската академија во Охрид два месеци не држат настава по три предмети. Родителите загрижено прашуваат како ќе се решава овој проблем. Од Локланата се оградуваат тврдејќи дека тие немаат никакви ингеренции околу функционирањето на овие паралелки.
Учениците од спортските парлелки за фудбал и ракомет од почетокот на учебната година не одржуваат часови по три предмети. Тие губат настава по биологија, психологија и математика, се жалат родителите. Прашуват како децата ќе бидат отценети по овие предмети кога часовите не се одржани. ТВМ дознава дека за ваквата состојба во Спортската академија во Охрид известен бил и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието, како и Локалната самоуправа.
Морам да истакнам дека ние како Локална самоуправа немаме никакви ингеренции во однос на работењето на Спортската академија. Наша добра воља е што излеговме во пресрет со сета логистика за отварање на спортската академија со отстапување просториии од средното училиште Ванчо Питошески. Оваа работа ако не функционира ние не можиме да ја средиме како Локална самоуправа. Тоа е работа на Просветниот инспекторат и другите надлежни институции пред се Министерството за образование, рече портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.
Покрај од Локалната, како ненадлежна за решавање на проблемот се изјасни и директорката на средното угостителско училиште, чиј наставен кадар треба да ги одржува часовите по предметите кои сега учениците ги губат.
За потсетување, спортските паралеки се отворија во учебната 2014-2015та година во рамките на Ванчо Питошески со одобрение на Советот на Општина Охрид. Во спортската акедемија се запишани 60-тина млади спортисти. Има ученици од Охрид но и од југозападниот регион. На товар на општината паѓаат хонорарите за лиценцираните тренери од фудбалската и ракометната федерација на Македонија.
Наставата е така конципирана што учениците од овие спортски паралелки можат без пречки да преминат во другите средни училишта во случај ако сакаат да ја прекинат наставата во спортските академии. НО ова нема да биде возможно доколку тие не одржуваат часови по трите предмети кои се споменуваат. Родителите инсистираат сериозно да се пристапи кон решавање на овој проблем, во спротивно ќе се доведе во прашање опстојувањето на паралелките.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град