Кој ќе добие подршка од ВМРО ДПМНЕ

Струшкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ сеуште не дефинира на кого ќе му ја даде подршката во вториот изборен круг.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Дополнително ќе пресече централната власт. Од партијата очекуваат дека после изборите во Струга ќе добијат влијатено место во политичкиот систем.

Подршката на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ ќе биде одлучивачки за тоа кој ќе седне на градоначалничката фотеља во Струга. Гласовите кои ги освои оваа партија  во првиот круг ќе бидат од големо значење и за двајцата кандидати, вели Славко Котески. Засега, сеуште нема инструкции од централната власт, каде ќе одат гласовите кои членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ ќе ги дадат во втората изборна трка.

Slavko KoteskiКотески вели оти после изборите очекува дека неговата партија како  доста влијателна, сооглед на постигнатите резултати и советнички места кои ги освои, дека ќе се најде на соодветно место во политичкиот систем во Струга.

Котески истакна дека ќе бидат упорни во нивните залагања. Рече нема да отстапиме од тоа, нашата партија и граѓаните од Струга да бидат маргинализирани како што беше во последниве 4 години.
Градоначалничкиот кандидат од оваа партија, на вчерашната прес конференција, рече дека е задоволен од текот на изборната кампања. Струга ја претставивме на ниво на кое заслужува, вели Котески. Тој им се заблагодари на граѓаните од сите политички партии кои ја дадоа довербата за неговата кандидатура. Вети оти ВМРО ДПМНЕ како партија и понатаму ќе се залага да  ги заштитува правата на граѓаните.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top