Стружани учествуваат во проекција за општинскиот буџет за 2017

Стружани учествуваат во проекција на општинскиот буџетот за 2017 година. Таа можност ја имаа денес во хотел Мираж Струга, на граѓанскиот буџетски форум. Граѓаните предлагаа по два проекти од програмите за Локален економски развој, локални улици и патишта, образование , култура, социјална заштита, спорт и млади.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Граѓански буџетски форум во Струга. Продолжува сесијата на презентации на буџетските форуми, во организација на Центарот на заедниците на општина Струга. Денес во хотел Мираж Струга беше презентирана реализацијата на општинскиот буџет за 2016 како и презентацијата на предлог буџетот за 2017. Катерина Талеска Скепароска, проект координатор од центарот, пренесе дека ваквиот вид на настани каде присуствува граѓанскиот сектор се од исклучителна важност, бидејќи на истите граѓаните добиваат право на глас со свои предлози да укажат кои проекти се според нив важни и каде треба да се инвестира со буџетски средства повеќе.

„Исто така ќе бидат презентирани програмите од буџетот на општина Струга, како што се програмите за улици и патишта, ЛЕР, социјална заштита, спорт, млади и култура. Исто така на крај граѓаните ќе имаат можносат да предлагаат по два проекти од секоја прогрма која што се надеваме дека ќе се земе како предлог да биде дел од буџетот за наредната година“.

Добра сума на средства се предвидени во буџетот за 2017 за програмите на Секторот за образование, спорт и млади и заштита на децата. Стратегиите и годишните планови се подготвени вели раководителот на секторот за јавни дејности Џеми Хајредини

„Струга е со отворени врати, ние освен проектите кои ги презентиравме денес ќе имаме и нови имајќи предвид дека сме туристички град, ќе го слушниме мислењето и на туристите кои можеби ќе ни помогнат за некој нов проект, кој можеби ќе го прифатиме или пак од јавните дебати и невладиниот сектор ќе видиме нешто да придобиеме бидејќи сме во континуирана соработка и партнерство со невладините организации“.

Голем интерес за учество во граѓанскиот буџетски форум покажаа младите на општина Струга. Тие предлагаа интересни проекти, но општ беше впечаток дека тие најмногу ставија акцент на реконструкција на затворениот базен, кој според нив не само што е потребен туку е и приоритетен проект кој ќе биде од исклучителна важност за сите граѓани на општина Струга, но и за туристите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top