Првиот човек на ПЕИ, Фијат Цаноски ги потврди информациите на ТВМ за меѓупартиски инциденти во Струга.
Првиот човек на ПЕИ, Фијат Цаноски ги потврди информациите на ТВМ за меѓупартиски инциденти во Струга.
Активисти на ДУИ им се заканувале на внуците на Цаноски, а неговото семејство постојано било следено од непознати лица со автомобили, информира градоначалничкиот кандидат.
Информацијата која ТВМ ексклузивно ја објави во саботата, за меѓупартиски инциденти во Струга, вчера претседателот на ПЕИ официјално ја потврди на прес конференција. Градоначалничкиот кандидат од ПЕИ, Фијат Цаноски, рече дека во изминатиов период врз неговото семејство и партиски членови и симпатизери, постојано се вршеле разни притисоци. Како што Твм објави, во петокот вечерта од активисти на ДУИ бил пресретнат внукот на Цаносски. Го извадиле од кола и под закана му ги зеле списоците со партиските набљудувачи. Слична незгода имал и друг внук на Цаноски. Него прво вербално го нападнале, а потоа му се заканиле дека ќе го претепаат. Првиот човек на ПЕИ потенцира оти неговото семејство е изложено на голема опасност, посебно во последниве неколку дена, кога во градот пристигнале и неколку групи од Косово, потенцира Цаноски.
Кандидатот за струшки градоначалник на вчерашната прес конференција апелираше до граѓаните – да не подлегнуваат на никакви закани од неговиот против кандидат и в недела масовно да излезат на гласање.
Цаноски поднесол кривични пријави против неколку лица инволвирани во меѓупартиските инциденти, а за неодамнешните случување, ги информирал сите институции и побарал во Струга безбедноста да биде на уште повисоко ниво. Во градот веќ неколку дена засилено е полициското присуство. Распоредени се и специјални единици за да спречат евентуална инциденти во пресрет на вториот круг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град