Бензините и дизелот поевтини од полноќ

Просечната цена на суровата нафта изнесуваше 44,073 долари за барел

 |  инфодеск  | 

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари по литар.

Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 60 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 62 денари, Еуродизелот за 47 денари и Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта изнесуваше 44,073 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 55,9 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top