Лабуништани против каменоломите во селото

Лабуништани против каменоломите крај селото. Тие најавуваат и протести доколку не се стопира новиот ископ на планината Јабланица во месност Стрижак, каде се отвара уште еден каменолом.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Состојбата со каменоломите во струшко Лабуништа повторно се актуелизира. Ископот на минерални суровини од трите активни каменоломи претставува опасност по здравјето за населението од ова село, чии што мештани во неколку наврати укажаа на тоа. Пред два дена во Советот на општина Струга беше формирана комисија од инспектори по животна средина и советници кои треба да ја утврдат фактичката состојба на терен, која треба да види колку каменоломи функционираат во струшиот регион, колку од нив се со дозвола за работа и дали некои работат на диво.

„Се надевам дека ова е почеток на крајот на каменоломите, не само за да се утврди бројот на каменоломите, туку и да се намали бројот на истите, односно на подрачјето на општина Струга да гравитираат оние кои ги исполнуваат еколошките критериуми кои што се познати, по кои терк се дава концесија за да се искористуваат благодетите на оваа земја. Се надевам дека и оваа неколку члена комисија и инспекторите ќе бидат повеќе активни“.

Ќазимоски не поседува точна информација колку каменоломи има на подрачјето на Лабуништа, но според изнесените информациите, функционирале околу 8 каменоломи. Првиот каменолом отпочнал со ископ и сепарација на камен пред две децении и од тогаш па се до ден денес проблемот само што се димензионирал истиот години наназад никако да се надмине.

„Илинден ја има земено во 2011 год. Стравуваме од негово отварање бидејќи тој има дозвола тој може кога сака да почне и кога сака да престане. Ако другите можат да функционираат со тие концесии и тој може кога сака да отпочне. Но се надевам дека разумот ќе надвладее за новиот каменолом да не ни нанесе повеќе штета од онаа која што досега ја имаме“.

На 29 минатиот месец во Лабуништа здружението за екологија, планинарење и туризам НАТУРА-ЛАБ одржаа состанок во присуство на голем број на граѓани и претставници на политички партии и правни лица од Лабуништа. На него се расправало за новиот ископ на минерални суровини кој се врши на планината Јабланица на местото викано Стрижак, за што била донесена одлука, ископот да биде стопиран, местото да биде вратено во првобитна состојба и да се одземе концесијата. Во спротивно, од таму најавија преземање мерки за одговорност за досега направената штета и соодветна судска постапка. Од здружението НАТУРА-ЛАБ информираа доколку не се најде слух за решавање на овој случај и институциите немаат слух за ваквата состојба, жителите на Лабуништа ќе преземат порадикални мерки, односно ќе излезат на протест и најавуваат граѓанска непослушност. Инаку во Лабуништа живеат 9000 илјади жители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top