И Хрватска забрани нивна музика во Македонија

Согласно соопштението оваа забрана стапува на сила веднаш

 |  инфодеск  | 

На седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.

“Внимателно ги следиме настаните во вашата земја и сакаме да ја изразиме нашата загриженост поради тоа што авторските права во Македонија постојано се изложени на ризик, со штетни последици на авторската заштита и вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски”, беше наведено во соопштението.

Согласно соопштението оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17.10.2016 година.

ЗАМП забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови и таа забрана стартуваше на 19 септември.

На барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври се забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top