Осумте икони од охридската Галерија кои беа изложени во Лондон безбедно се вратија дома.
Осумте икони, дел од постојаната поставка на охридската Галерија на Икони, од среден век од периодот на Ренесанасата на палеолозите се вратија дома. Половина година беа дел од големата изложба во Кралската академија на уметностите каде што Охрид и Македонија успешно го промовираа нашето богато уметничко наследство вели Милчо Георгиески виш кустос на Галеријата на Икони. Тие беа дел од шестмесечната изложба која ја виделе над 400.000 посетители.
Иконите изложени во Лондон припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Ниту една голема светска изложба посветена на Византиската уметност не може да се замисли без да бидат изложени икони од Македонија. Интересот на посетителите за изложбата беше огромен кажува Георгиески. Кралската академија на уметностите е основана од Кралот Џорџ 3 –ти, во 1768 година со цел промоција на сликартсвото ,скулптурата , графиката. Од 1769 година тука редовно се одржуваат уметнички изложби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град