Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска во посетата на Охрид. Taa во рамките на посетата оствари работна средба со директорката на Националната установа „Завод и музеј“, Тања Паскали Бунташеска. Заедно извршија увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.
Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска, 27 илјади метри квадратни се целосно истражени.
При археолошките истражувања откриени се над 65 илјади предмети од метал, керамика, стакло, коска, камен, со потекло од 6 век пред наша ера се до 19 век, од времето на Османлиската империја. Сите пронајдени реликти се заведени во инвентарна книга, конзервирани и спремни за презентација, појасни министерката Милевска.
При посетата на Плаошник министерката ја придружуваше директорката на НУ Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска. Таа рече дека археолошките истражувања на локалитетот од 1999 година кои сеуште траат биле вметнати како основа во проектот за возобонување на Светиклимемнтовиот универзитет. Истражувањата на 27 илјади метри квадратни се спроведени до кота на карпа односно стерилна земја, што подразбира дека нема простор за идни истражувања. Таа површина е целосно истражена, со откривање на сите градбени фази присутни на локалитетот, истакна Бунташеска.
Во врска со обвинувањата за бетонирање на просторот, таа истакна дека одговорно тврди оти целата археологија регистрирана на просторот на Плаошник е конзервирана и презентирана во просторот. И самиот начин на темелење одбран за градежните зафати е со темели-самци или темелни бунари, со единствена цел да се запазат и презентираат аргхеолошките остатоци.
Не постои бетонска темелна плоча, сите археолошки градби ќе бидат видливи во рамки на објектите на Универзитетот, презентирани во внатрешноста на просторот на музејот, на библиотеката, центарот за хуманистички науки, манастирскиот конак, рече Бунташеска.
Бунташеска рече дека целиот проект до крајот на 2018 година треба да биде целосно функционален. Објектите треба да се завршени, а треба да биде финализирано и партерното уредување со што комплексот ќе си го добие својот целосен лик.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град