Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните

Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните. Од центарот за јавно здравје уште на почетокот на септември требаше да извршат дератизација. Но, поради неповолните временски услови оваа постапка не беше спроведена. Дератизација ќе се прави од средината на нареднава недела.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од  улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен.

Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и петок нареднава недела. Имаме доволно средства имаме и доволно кадар и како што ја спроведовме пролетната така ќе ја спроведеме и есенската и милиме дека ќе биде успешна, вели  д-р Јованка Стурлакова Коровешоска- епидемилогот од Центарот за јавно здравје.

Од ценатрот за јавно здрвје велат дека и до нив  пристигнле поплаки дека во одредени делови на градот има зголемен број на глувци. Посебно оваа појава е евидентна на оние места каде се вршат градежни работи бидејќи им се нарушува нивното лежиште. Тие знаат по нарушувањето на нивните гнезда да ги напаѓаат околните куќи, подвлекува  Д-р Стурлакова. Таа советува глодарите да не се допираат со раце и да не се обидуваат граѓаните сами да поставуваат отров против глувци.

Имаме заедничка соработка со ЈП „Нискоградба“ , тие точно знаат каде се шахтите, а нашите екипи само го поставуваат отровот. Тоа го прават стручни лица кои знаат колку точно отров треба да се постави бидејќи нас не ни е целта глувците сосема да се сотрат туку да се доведат до еден биолошки минимум, објаснува Стурлакова.

Глодарите покрај што предизвикуваат материјална штета тие се предизвикувачи и на многу заразни болести било директно или преку вектори Стурлакова вели  доколку  граѓаните забележат отвори дома и во помошните простории каде што може да навлезат  добро е да се санираат и да се користи само лепак за глувци. Отровите како хемиско средство треба да се поставуваат од стручни лица од Центарот за јавно здравје, додава таа.

По предвидениот план за работа на Ценатрот за јавно здравје дератизацијата се прави двапати годишно, напролет и наесен.  Редовна дератизација од Центарот за јавно здравје прават и на хотелите, болниците и училиштата. Пред почетокот на учебната година дератизација беше направена околу сите училишта во градов и општина Дебрца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top