„Некои од проектите директно ќе зависат од општината, а за другите, покапиталните, ќе ни помогне владата на Р Македонија“, рече Трендафилов.
„Некои од проектите директно ќе зависат од општината, а за другите, покапиталните, ќе ни помогне владата на Р Македонија“, рече Трендафилов.
„Преку денешново обраќање, на моите сограѓани сакам да им ветам дека за разлика од оваа локална власт која за среќа си заминува, јас ќе ги остварам проектите кои ги имам зацтано“,рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче.
„Во соработка со владата на Р Македонија ќе изградиме индустриска зона, за која локалација веќе имаме,ни треба само дозвола. Ќе формираме центар за развој на мало стопанство и подршка на туризмот, зтоа што нашата кампања се сведува на максимална подршка на развојот на туризмот. Ќе направиме ревизија на генералниот урбанистички план.“
Од останатите проекти Трендафилов најави изградба на пат над постојниот пат Охрид-Пештани,проширување на улицата „Железничка“ улица и најзино завршување во следните 4 – 5 месеци,заштита на студенчишкото блато,развој на алтернативен туризам,финализирање на водоснабдителни и канализациски системи во Општината, затоа што ова прашање треба конечно да се заборави како проблем кој се провлекува во општина Охрид, рече Трендафилов. За да се релизираат овие проекти прв чекор на навата локлна самоуправа ќе биде етаблирањето на е – општина, рече тој.На пресс конференцијата денеска покрај изградба на комплексот Долни Сарај беше најавено и реставрирање на фасадите на куќите во стариот дел на градот, како и донесување на Закон за Охрид,изградба на пливачки базени и изградба на Здравствен дом. Во програмите на кандидатите кои испаднаа има проекти кои се многу прифатливи за нас. Ќе направам се тие да станат реалност, рече Трендафилов.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ на денешната пресс конференција најави и изградба на современа автобуска станица. Цели кои што ќе бидат реализирани и кои што се потполно во склад со моите визии се „Охрид без дупки и септички јами“ и изработка на стратегија за урбанистички развој на Охрид и околните населби, со користење и на меѓународна експертиза, потенцира Трендафилов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град