Поднесен само еден приговор до ДИК

Станува збор за приговор на групата избирачи од независната листа чиј носител е Владо Цветкоски.

 |  Тања Кувенџиска  | 
izbori
избори

Само еден поднесен приговор до Државната изборна комисија во врска со гласањето на Локалните избори во општина Охрид. Станува збор за приговор на Групата избирачи од независната листа со реден број 13, чиј носител е Владо Цветкоски.
Утринава во присуство на претставници на општинската изборна комисија во ДИК се разгледуваше приговорот. Согласно Изборниот законик во рок од 48 часа ДИК треба да се произнесе дали го одбива или усвојува поднесениот приговор.
Доколку постои незадоволство, против решението на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението.

Vlado CvetkoskiИнаку, Групата избирачи од независната листа 13 реагираа дека за избирачкото место 13- 13 Подмолје, записникот кој го поседува ОИК е различен од оној направен на самото избирачко место во присуство на овластените наблудувачи.
Според првично објавените резултати, Групата избирачи од независната листа 13 имаа освоено 1. 957 гласа. Согласно тоа, очекуваа две, наместо сегашното- едно освоено советничко место во советот на општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top