Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, рече Драган Тевдовски, претседателот на комисијата за економија, кој одржа пресс конференција во Охрид. Најави пакет мерки со кои ќе се зголемат платите на граѓаните и ќе се подобри животниот стандард.
Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава.
Освен што ќе обезбедиме да се зголеми просечната плата ќе стимулираме и добро платени работни места кои од една страна ќе ги полнат со ликвидност домашните претпријатија, а од друга страна нема да го рушат фондот за пензиско и инвалидско осигурување, рече Тевдовски.
За малото и средно претпријатие кое ќе вработи невработено лице до педесет годишна возраст и ќе му даде плата која е поголема или еднаква од просечната ќе му се додели подршка по исплатена бруто месечна плата во износ од 9000 ден. во период од 12 месеци. Вкупната сума за поддршка за една година претпријатието ќе ја добие на почетокот на првиот месец и ќе изнесува 108 000 ден.
За вработување на невработено лице над 50 додишна возраст ако претпријатието му даде плата која е еднаква на просечната или поголема од просечната ќе му се додели вкупна сума за подршка на почетокот на првиот месец по исплатена бруто месечна плата во износ од 162 000 ден., рече Тевдовски.
Оваа мерка ќе важи и за лица вработени во државната јавна администрација. Доколку се даде плата која е поголема или еднаква од просечната плата вкупната сума за подршка која ќе се добие на почетокот на првиот месец ќе изнесува 72 000ден. Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, рече Тевдовски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град