“Обвинителство прибави материјал и за други кривични дела за да се утврди кој, зошто и како прислушувал”
Две обвиненија до Кривичниот суд денеска ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти на денешната прес-конференција обвинителката Катица Јанева.
Првото обвинение е за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, во кое СЈО товари 7 лица, а вториот предмет за кој има обвинение е за демолирањето на Општина Центар и нарачката за насилство врз градоначалникот Андреј Жерновски.
„Се работи за уништување документација, а целта била да се уништат списите поврзани со работата на системите за следеење на комуникациите, за што постојат доволен број докази и затоа поднесуваме обвинение. Кој вршел и со какви средства прислушувал, покрај она што беше соопштено во „Тврдина“, ова Обвинителство прибави материјал и за други кривични дела за да се утврди кој, зошто и како прислушувал“, рече обвинителката Фатиме Фетаи за првото обвинение.
Второто, пак,обвинение, е поднесено против 14 лица – 5 како поттикнувачи и девет како извршители на насилството.
“Од доказниот материјал произлезе дека во месец јуни првообвинетиот побарал, а второобвинетиот прифатил да извршат грубо насилство спрема градоначалникот на општина Центар. Анализите кои ги направи ова Обвинителство упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ова се чисто лукративни, за остварување на бизнис интересите на партискиот врв”, рече Фатиме Фетаи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град