ДИК: 1.770.736 гласачи со право на глас за изборите во декември

Намалување на бројот на гласачи има во првата и втората изборна единица

 |  инфодеск  | 

Oд Државната изборна комисија соопштија дека вкупно 1.770.736 граѓани ќе имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, оваа година.

За разлика од претходните парламентарни избори кои се одржаа во 2104 година, оваа година има 9.392 гласачи помалку.

Намалување на бројот на гласачи има во првата и втората изборна единица, а речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и Куманово.

Од ДИК информираа дека избирачкиот список е доставен до сите политички партии на 30 август.

Јавен увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top