СДСМ и Сојузот на еѓипќани ќе соработуваат

СДСМ и Сојузот на еѓипќани потпишаа меморандум на соработка.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески

„14 илјади честити граѓани од Охрид кои гласа за мене, Трендафилов, ги нерече подземни криминогени структури“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ. Од позитивната кампања што ја најавуваа од ВМРО ДПМНЕ нема ни трага, додаде Петрески.

Културата и дијаментрално спротивните концепти со ВМРО ДПМНЕ, беше тема на пресс конференцијата на ОО на СДСМ. За ВМРО единствено е значајно да копаат гробници, да градат накони живеалишта, да градат музеи на вода, а на копно да трошат десетици милиони евра. Културните институции и манифестации кои се под капата на централната власт одамна се заборавени и оставени на милост и немилост, рече портпаролката на ОО на СДСМ Лидија Апостоловска.

„Домот на културата се распаѓа. Прокиснува од сите страни.Сегашните просториина грдската библиотека беше времено решение само за да се спасат од пропаѓање илјадниците драгоцени нслови книжевен фонд.И тоа и такво времено решение со свои средства го оспособи Локалната власт. Министерството за кѕлтура не учествуваше со ниту еден единствен денар“.

Пред две години, локалната самоуправа целосно застана зад групата ентузијасти, предводени од Горан Стојаноски и максимално ги помогна петте премиери и почетокот на реализацијата на долгогодишната желба на Охриѓани за свој професинален театар.Некој од Скопје, мислеше поинаку. За театарот во тетово имаше 500 илјади евра, за Охридскиот ниту денар, за Прличевите беседи одвојуваат по 10 илјади денари годишно, а за балканскиот фестивал по 5 илјади денари. Вечерите на Живко Чинго, за министерсвото за култура не постојат, Спротивно на сето ова ние се залагаме Охрид да биде културен и духовен центар преку цела година, рече портпаролот на ОО на СДСМ. Пред неколку дена господата од ДПМНЕ, специјално од Скопје испратија експерт за политичка комуникација. Го испратија, универзалниот стручњак, Александар Николовски кој одржа морална лекција за дното на политичката култура и политичката комуникација, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески.

„Само еден ден по убедливиот пораз во првиот изборен круг, такавиканиот кандидат за градоначалник на ПМНЕ, господинот трендафилов, 14 илјади честити граѓани и домаќини на општина Охрид, кои гласаа за мене, ги наече подземни криминогени струкуи“.

novinariДа се биде градоначалник не значи да се почитуваат само оние кои гласаат за вас, а другите патолошки да се мразат, рече Петрески.

„Господне Трендафилов, Имавте школски пример во изминатеве 4 години како се прави тоа.  Во ниту еден миг не правев разлика меѓу граѓаните кои гласале за мене или против мене. Во локаланата самоуправа вработани се луѓе кои после минатите избори штрајкуваа заедно со Трендафилов“.

Изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ од пред неколку дена е во принудна управа, а партиските структури кои ги поставија само пред неколку години се суспендирани. На нивно место дојдоа специјални полициски структури, рече Петрески. На денешната пресс конференција ОО на СДСМ и сојузот на еѓипќани потпишаа меморандум на соработка.

„Остварена е средба со Александар Петрески каде што максимално ги подржа нашите барања и истовремено покажа интерес и придонес за зачувување на нашиот идентитет. Петрески ја има нашата максимална подршка од целиот Еѓипќански електорат и го сметаме како наш сегашен и иден градоначалник на град Охрид“.

Нашата коалиција успеа да влезе во советот на општина Охрид со еден советник кој ќе ги брани заедничките интереси, рече претседателот на сојузот на еѓипќаните Хусеин.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top