Трансформација на волонтерството во траен работен однос доби третата група на волонтери во охридската болница. Со тоа трајно се вработија и последните 22 ца од групата на 76 волонтери, кои неколку години во болницата извршуваа работни задачи по договор на дело, за надомест од 4000 денари.
Статус на вработени доби и последната група на волонтери во ЈЗУ Општа болница Охрид. Денес во просториите на управата на болницата вкупно 22 лица потпишаа решенија. Со тоа се заокружи проектот на Министерството за здравство, вели првиот човек на установата Љубен Арнадов, додавајќи дека со тоа на сите 76 лица кои беа ангажирани во болницата на различни работни места им се реши проблемот со вработувањето.
„Денес имаме еден убав ден завршува еден проект со волонтерите, акосе сеќавате беше една група од 76 волонтери кои работеа во болницата, со примања кои стварно по законите за волонтери беше недостојна, но се вложи напор со помош на ресорното министерство да сите тие се вдомат како и сите вработени во болницава со решенија“ – вели Арнаудов.
Задоволството не го криеја и волонтерите кои со години го очекувале овој момент. Тие кажаа дека денес за нив бил нов почеток и се чуствувале посигурни во себе.
„Две години и шест месеци чекав и ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на директорот кој навистина беше доследен и ја спроведе акцијата и не запосли сите“
„Благодарност до директорот што не запосли и што дочекавме решение и на сите нека им е со среќа“
Од болницата велат дека не застануваат тука и започнуваат нови проекти. Утре завршувал конкурс за 3 лекари, 2 медицински сестри, 1 акушерка и 1 лаборант. Додека пак во меѓувреме 2 ца специјалисти биле примени на работа а 23 доктори биле пратени од болницата на специјализација. Во моментов во охридската болница од 500 вработени само 5 биле со договор на дело на 2 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град