Во Југозападниот плански регион сеуште нема легална депонија. Со воведување на систем за интегрирано управување со отпад ќе се надминат проблемите околу цврстиот отпад. Тој предвидува организиран начин на собирање отпад, изградба на регионална депонија и трансфер станици. Најголем бенефит ќе има населението кое ќе се куртули од дивите депонии кои ќе бидат отстранети а земјиштето каде се наоѓаат ќе се исчисти, рекултивира и ќе се врати во нормална состојба, велат од Југозападниот плански регион.
За нецела година во нашиот регион треба да се воведе систем за интегрирано управување со отпад. Како што за ТВМ открива Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион, прикрај била подготовката на потребна техничка планска документација за воведување на овој современ систем кој би требало да се практицира согласно Европските нормативи. Документите треба да се готови до 2017 година, па после тоа треба да се бараат средства за имплементација на овој значаен проект, додава таа. Лозаноска информира дека проектот покрај Југозападниот плански регион ги вклучува и скопскиот, пелагонискиот и вардарскиот регион.
„Тука се изработуваат една серија на неопходни документи кои што во следниот период ќе послужат за изградба на тој систем за интегрирано управување со отпад што подразбира регионална депонија, трансфер станици и начинот, значи ќе бидат понудени повеќе решенија…дали регионално ЈП или постојните јавни комунални претпријатија во некаква релација или јавно приватно партнерство, тоа ќе биде одлука на и оптшините во рамки на регионот на кој начин тоа ќе го реализираат“.
Работната верзија на Регионалниот план за управување со отпад веќе била претставена, истакна Лозаноска. Додава дека во моментов се отпочнува со стратешка проценка на влијанието врз животната средина на активностите од регионалниот план, каде е зацртана и локацијата за регионална депонија.
„Во рамките на овој проект во документацијата ќе се изработи и физибилити студија за локација за регионална депонија и исто така во другите документи, регионален план коз бенефит анализа, технички проекти што ќе се прават за самиот систем на ниво регион што ќе се воспостави, ќе се направи документација и за депонијата, значи задолжително со тоа што ќе се направи физибилити студија според изведувачите три можни локации од кои што една дефинитивно ќе треба да се избере на која локација ќе биде регионалната депонија“
Вкупната вредност за изработка на техничката документација која се подготвува од страна на странски конзорциум кој го добил тендерот е 4 милиони евра, средства доделени за 4 региони. Регионалниот план за управување со отпад е проект кој го води МЖСПП, со средства од ИПА од ЕУ. Очекувањата на Лозаоска се дека со имплементација и реализација на овој проект ќе се реши горливиот проблем со цврстиот отпад кој е присутен во повеќе општини, а посебно во делот на дивите депонии.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град