• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започнуваат уписите за дооформување на основното образование на Отворениот Универзитет за возрасни

Започнуваат уписите за дооформување на основното образование на Отворениот Универзитет за возрасни

Започнуваат уписите за дооформување на основното образование на Отворениот Универзитет за возрасни.

 |  Николоска Биљана  | 

Во тек се уписите за доофромување на основното образование за возрасни во охридскиот Работнички граѓнски  универзитет „Кузман Шапкарев“. Покрај тоа, од отворениот  универзитет за возрасни  информираат дека ќе продолжат и понатака со преквалификациите на невработените лица. Од оваа недела  следуваат преквалификациите за 10 невработени лица во  машинската струка, по успешно спроведената прекафалификација на 10 лица во струката електричар. Ристеска кажува за досегашното искуство во работата со нив.
 
„Лицата кои доаѓаат на преквалификации сакаат да го направат тоа и тие заслужуваат да се вложува во нив. Тоа се најчесто лица на возраст помеѓу 30 и 40 години. Оние над 40 годишна возраст ги има поретко, додека пак помладите ги има најмалку“, кажува Ристеска за досегашното искуство.

 Според спроведеното истражување на  ТЛЕР, на охридското стопанство му недостасува квалификуван кадар од електро областа, од машинството, заварувачи, шивачи и фини подесувачи на прецизни машини. По завршената обука лицата се стекнуваат со сертификат за полесно  да најдат работа во фирмите на кои им неодставуваат овие профили. Директорката  на Отворениот работнички универзитет Славица Ристеска инфромира дека наскоро министерството за образование ќе започне реформи во работата на Работничките народни универзитети во земјава.

„Со овие реформи  Локалната самоуправа ќе треба да ги поддржува овие институции како во западно европските земји. Целта е  подобро да функционираат како јавен сервис на Локлната самоуправа во преквалификација на лицата и намалување на бројот на невработените лица“, подвлекува Ристеска.

Во Отворениот работнички универзитет следуваат денови на доживотно учење, како и продолжување на соработката за изучување на германски јазик со Леарница Охрид, а отворени се за соработка и со невладините оргазниации за подобрување на образованието за возрасни, како и преокти кои ги реализира општина Охрид за намалување на невработеноста. Исто така, како неформално образование,  од работничкиот унивезритет за млади ќе спроведуваат изучување на странски јазици,  математика  и подоговки за полагање на државна матура.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top