Годинешната добитничка на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд, денес во Струга во Паркот на поезијата засади дрво, а пред присутните презентираше дел од нејзината поезија.
Канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка, Маргарет Атвуд, пристигна во Струга. Вели поезијата е интересен и многу важен дел од нејзиното творештво, објаснувајќи дека ако пишувањето на прозата бара од неа целосен ангажман како писател, пишувањето на поезијата е она кое ја прави да се чуствува убаво. За канадската писателка, добивањето на ова признание е огромна чест.
„Прво бев многу изненадена, ми беше чест и задоволство затоа што, бидејќи предходните 55 поети и јас сочинуваме една долга листа на високо рангирани творци. Некои ги знаете, некои не се веќе меѓу нас, па бев малку загрижена, го довиете „Златниот венец“ па умирате, но ми кажаа дека ова не е вистина, некои се сеуште живи за среќа.Прекрасно е чувството и бев воодушевена“ вели Атвуд.
Атвуд, денес во Струга во Паркот на поезијата засади дрво, а пред присутните презентираше дел од нејзината поезија. Атвуд објаснува дека пишувањето поезија за неа е посебен ритуал, и воодушевена е од тоа како малите земји сеуште го негуваат овој литературен правец, без комерцијализација на истиот. За првите впечатоци од нејзиниот престој во поетска Струга, вели дека едвај чека да спознае што е можно повеќе.
„Не сум многу долго тука, само неколку часа, но досега се е прекрасно, подобро ќе беше да ме прашате после неколку дена, но како што гледате со себе донесов прекрасно време. Сите се многу љубезни и пријателски расположени, ми помагаат, многу топло ме пречекаа“ вели Атвуд.
Признанието се состои од филигрански изработен лавров венец, а ќе и биде врачено во недела на меѓународниот поетски митинг „Мостови“.
Вечер на програмата од фестивалот е презентација на поетски портрет посветен на лауреатот во 21 часот во Црквата Св.Софија во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град