Пропаѓа дел од кејот на реката Црн Дрим. Ова атрактивно место е едно од најфрекфентните во општина Струга, посебно во летниот период каде поминуваат бројни туристи, а не ретко стружани од тука и скокаат за да се искапат во реката. Стружани велат, сликате е грда, местото е небезбедно, а надлежните треба да интервенираат.
Дел од Кејот на реката Црн Дрим, во близина на мостот на поезијата пропаднат. Стружани велат дека ваквата слика која настанала пред неколку месеци не е само срам за градот, туку и за цела држава, која сака да развива туризам привлекувајќи гости од цел свет, а посебно за одржувањето на меѓународната поетска манифестација СВП.
„Ова е жив срам за Струшките вечери.Овој мост има заслужено да биде уште поубав од тие во Скопје што се изградени, бидејќи тука од цел свет народ доаѓа и не претставува како Македонија“
Треба да се постави бариера и да се заштити преминот да биде како што треба. вака не личи на ништо“.
За состојбата со оштетениот дел од кејот на реката Црн Дрим се обративме до ЕЛЕМ АД Подружница ХЕЦ Глабочица Струга. Директорот Тони Маркоски дециден дека реконструкцијата и одржувањето на кејот е во надлежност на општина Струга бидејќи корисниците на урбана опрема на кафулињата покрај кејот дозвола добиваат од општината каде плаќаат и одреден надомест. Тој појасни дека согласно Законот за води, за штетните дејства на водата надлежни се општините. Тие како ЕЛЕМ за управување со водата добивале водостопанска дозвола и според пропишан режим имале обврска да плаќаат надомест за користење на водата а не за стопанисување со Кејот. Маркоски вели дека за користење на водата за производство на елетрична енергија плаќале месечно еден процент од остварената цена на продаден киловат. Тој исто така за ТВМ појасни дека досега во неколку наврати оствариле средби со надлежните локални служби околу овој проблем. На тие разговори од струшката локална начелно било прифатено експерти да извршат дополнителни мерења и да бидат преземени мерки за санација. Но досега од тоа ништо нема на повидок.
ТВМ денес во неколку наврати се обиде да добие одговор за состојбата со дел од пропаднатиот кеј на реката Црн Дрим, од струшката градска власт и да стапи во контакт со струшкиот градоначалник но безуспешно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град