Промовирана книга за монетоковањето во Охрид

Охрид како древен град во кој што се среќаваат археолошки наоди од неолитот па се до 19 век, во античкиот период бил силен монетарен центар. Тука се ковале монети од различни императори, а се тоа авторката  Даница Размоска Баческа го сместува во новото издание на публикацијата „Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“. Синоќа во куќата на Уранија беше промовирано ова ново издание од Даница Размоска Баческа. Во делото се претставени нумизматичките историско-монетарни аспекти на охридскиот регион. Како што истакнa авторката Баческа, станува збор за многу значајна публикација од областа на нумизматиката и националната историја на нашата земја, каде што е направена паралела меѓу ковањето во антички Лихнид и во средновековен Охрид.

 „Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети,  тоа се познатите лихнидски монети со престава на аверсот на македонскиот штит и реверсот лаѓата, меѓутоа новина е тоа што  тука се внесени ексклузивни примероци на овој значаен и редок тип монети кои штосе најдени на локалитетот Плопшник  при ископувањето 2007 – 2010 година. Тоа се два примероци плус“ .

Баческа открива уште еден ексклузивитет од книгата, кој според неа е многу значаен за науката, посебно за археологијата. Во публикацијата за прв пат биле обработени монетите на Десаретите, кои што исто така се најдени на локалитетите на Плаошник во периодот на 2007 – 2010 година. Баческа појаснува зошто се значајни овие монети кои ги ковале десаретите како племенски и за нив досега не било пишувано во науката од целиот свет.

 „Овие монети се од бронза и имаме два типа на монети три примероци, со две номиналии. Едниот  тип е со претстава на Амон Зевс , а вториот, на реверсот имаме молња а вториот тип е со претстава на Херакле на на реверсот имаме топуз како што велиме

Во книгата исто така даден е пресек на монетите од средниот век од 13 до 17. Во 13 век повторно почнала да работи охридската ковница, како силен монетарен центар. Се ковале монети на Асен 2 при што од еден посебен тип биле пронајдени 1000 примероци, со ликот на Христос од една страна а од друга со ликот на царот и Св Димитрија, што исто така според Баческа е ексклузивитет и е значајно, бидејќи тој тип го ковал само бугарскиот цар Асен 2. Биле ковани монети од Цар Душан, Волкашин и неговата фамилија од кралицата Јелена и Евросима многу ретки типови приметоци на монети, од Крали Марко и неговиот брат, Никола Алтомановиќ и Кнез Лазар и авторката завршува со монетите кои излегуваат од охридската ковниица тоа биле акчињата на отоманската империја. Авторката на делото е родена во Битола. Средно образование завршува во Битола, а Филозофскиот факултет во Белград, група археологија. Работи во Завод и музеј Охрид како кустос за археологија за нумизматика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top