Тековндистот Алескандар Јованоски оди на светско

Александар Јованоски оди на светско од теквондо клубот „HWA RANG ITF“ од Охрид, ќе ја претставува Македонија на светското првенство, кое на почетокот на месец септември ќе се одржи во Андрија Италија.

 |   | 

Трите месеци напорна работа и часовите поминати во технички и кондициони подготовки на Александар Јованоски, ќе кулминираат со неговото учество на претстојното светско првенство во Теквондо, кое на почетокот на наредниот месец треба да се одржи во Андрија Италија. Алексанадар неодамна го исполни и последниот критериум за учество на првенството, односно полагањето за црн појас во оваа боречка вештина. Овој млад спортист кој седум години е член на „Hwa rang ITF“ теквондо клубот од Лескоец, ветува дека достојно ќе ја претстави нашата држава.

„Спремен сум да дадам се од себе и на крај ќе видиме што ќе се случи. Со еквондово се занимавам седум години и планирам цел живот со тоа, па после некое време ако даде Господ и да си отворам свој клуб, со помош на мојот тренер Марјанчо“ вели Александар.

Инаку годинешното светско првенство е спортски настан кој вљубениците во овој спорт ќе го окарактеризираат како собиралиште на светската теквондо елита. Повеќе од 1600 теквондисти од клубови од 98 земји ќе ги одмерат силите наова светско првенство на кое ќе се натпреваруваат јуниорите и ветераните. И годинава се очекува приматот да го имаат азиските земји. Марјанчо Лазарески тренерот на Александар, вели дека Александар не е аутсајдер и дека успехот на првенството е сосема возможен.

„Се надеваме дека во првите кругови, че ни паднат некои од европските земји или од Африка или Јужна Америка, да можеме да го поминеме првиот круг полесно. Најголемата гордост е да се освои медал на светско првенство и наравно за Александар ќе биде најголема привилегија пошто сега имаме закон за заслужни спортисти и самиот да биде свесен каква можност има сега тој да ја искористи.“ објаснува Лазарески.

Пред извесно време теквондо клубот HWA RANG ITF доби и меѓународно признаен сертификат за работа, под уставното име, па сега располага со лиценца за отворање на клубови во било која држава во светот. Оваа година е исто така важна бидејќи конечно се формира и Македонската Теквондо Федерација. По трет пат учеството на светските првенства за талентираните спортисти од овој клуб станува реалност благодарение спонзорите конкретно на фирмата „ПН Метал“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top