Имаме увоз на мед. Пчеларите сметаат дека од економска гледна точка, македонците не секогаш си допуштаат да купат тегла мед, бидејќи таа за нив е скапа, додека пак за пчеларите кои го произведуваат медот и пчелните производи, тегла мед е евтина.
Македонија повеќе увезува отколку што извезува мед. Ваквата констатација произлегува од пчеларскиот еснаф, кој во моментов според кажувањата на претседателот на Пчеларското Здружение, Охрид од Охрид Тони Јосифовски се соочува со повеќе проблеми. Според него проблем за домашните пчелари е нелојалната конкуренција, вештачкото производство, но и нереалните цени кои им го руши производството.
„Македонија е соочена со тој проблем, бидејќи слаб е одзивот на надлежните органи да го контролираат тој проблем“ – вели Јосифоски.
Просечното производство е 15 килограми мед по кошница. Во моментов нашата земја е на високо ниво според производството, но не и по потрошувачката, вели Јосифоски. Згора на тоа, нелојалната конкуренција и увозот, го намалуваат реномето на нашиот мед кој важи за еден од најквалитетните, додава тој. Јосифоски смета дека и државата треба да се осврне кон решавање на овој проблем на пчеларите додека сеуште има време.
„Ако се посвети доволно внимание, општо на животот, на екологијата, на природата, мало внимание од човекот, може да се зголеми производството на мед. Нормално тука пред се треба и државата да помогне како што субвенционира така и други некои привилегии да ни даде за да може успешно да се справиме со проблемот. Проблемот на пчеларите е голем“ – нагласува Јосифоски.
Од охридскиот пчеларски еснаф сметаат дека пчеларството како земјоделска гранка треба да се афирмира на повисоко ниво. Од таму велат дека радува податокот што се повеќе млади луѓе пројавуваат интерес за пчеларството и се повеќе купуваат роеви, а тоа пак претставува напредок за државата. Но укажуваат и на проблемот дека со намалувањето на бројот на пчелите како вид, на глобално ниво, директно е загрозено човештвото, бидејќи пчелата важи за единствен природен запрашувач на растенијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град