Познати се имињата на советниците кои во идните четири години ќе ја креираат иднината на градот.
Познат составот на охридските советници кои во мандат од четири години ќе ја кројат иднината на градот. Најмногу советнички места освои ВМРО ДПМНЕ и тоа 9 , следува СДСМ со 7 советници. Во советничките клупи ќе седнат и по двајца советници од ВМРО НП и НСДП. Во составот на советот влегоа и двајца независни кандидати од советничкат листа на Владо Цветкоски. Од партијата на ПЕИ добија едно советничко место. Во наредниот период од ВМРО ДПМНЕ во советот ќе бидат следните советници:
Борис Стефаноски дип. машински инженер, Паско Кузман, археолог, Каролина Буџакоска дип. менаџер по царина и шпедиција, Кирил Пецаков студент, Дејан Пановски дип. географ, Јованка Дамоска, магистер по економски науки, Александар Попоски сообраќаен инженер, Љубен Буџакоски, дип. машински инженер и Љубица Смилевска – Мојсовска дип. електроинженер и професор. Во охридската јавност се проширија гласини археологот Паско Кузан ќе се повлече од советот. Но, Кузман за ТВМ ги демантира како чиста шпекулација.
Борис Стефаноски, носителот на листата од Вмро Дпмне вели дека во овој совет нема да работат за личен интерес како досега туку за доброто на Охрид. Од редовите на СДСМ се советниците Бранислав Трпчески,дип. економист, Томислав Тунтев
дип. инженер за воздушен сообраќај и транспорт, доктор на сообраќајни науки, Виолета Мицкоска, доктор на медицина, Душко Јаковчески
дип. правник, Ахмед Пател дип.правник, Орхидеја Тасевска, магистер на биолошки науки, и Ѓорѓи Танески градежен техничар. Бранислав Трпчески смета дека нивната политичка партија ќе го има мнозинството во советот. Советници од ВМРО НП, се Јоне Станкоски, професор по физичко образование и Александар Калачоски ветеринарен техничар.
Од редовите на НСДП во советот се : Верица Хајба туристички работник и Драган Пандески инж. технолог – приватен стопанственик. Верица Хајба вели придонесот на двајцата советници од оваа партија ќе биде учество во носење на позитивни одлуки во интерес на градот.
Двајцата независни советници се Владо Цветкоски дип.маш.инж и Величе Маркоски доктор на медицина. Советникот од редовите на ПЕИ е Кујтим Усеини приватен стопанственик.Во новиот совет има и двајца старо –нови советници. Втор пат седнуваат во советничките клупи. Тоа се советниците од редовите на СДСМ, Бранислав Трпчески и Јоне Станкоски од ВМРО НП.
Помеѓу колегите од појакиот пол во советот ќе одлучуваат и шест жени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град