Во градинката „Билјана“ сеуште се излеваат фекалии

Во градинката „Билјана“ сеуште се излеваат фекалии. Проблемот кој настана пред десеттина дена кога настана хаварија на канализационата мрежа во овој објект, сеуште не е решен. Работата е покомплицирана од тоа што се мислеше и проблемот не е во канализационата мрежа на градинката, објаснува директорката Розе Костоска. Известени се сите јавни претпријатија и инспекциски служби, па се чека да го решат проблемот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Градинката „Билјана“ сеуште затворена. Откако пред десеттина дена во овој објект од градинката „Јасна Ристеска“ настана хаварија на канализационата мрежа што предизвика појава на фекалии во пералната, децата и вработените принудно беа преселни од Билјана, во градинката Лихнида. Од тогаш интензивно се работи на отстранување на проблемот, но работите многу тешко одат. Дополнително ја комплицира ситуацијата што пералната од градинката всушност преставува приземје на зградата која се наоѓа над градинката, а под неа се наоѓаат подрумите. Цевката за канализација поминува на средината од пералната и се спушта во подрумите од зградата. Екипи од ЈП „Нискоградба“ ја провериле целата мрежа во градинката и не наишле на никаков дефект. Тие дури интервенирале и на главната канализациона мрежа која се наоѓа на булевар „Туристичка“, но попусто, проблемот сеуште не е решен.

Излевањето на фекалии се правеше во нашата перална па ние со кофи моравме да ја отстрануваме водата. Пред неколку дена екипите на ЈП Проаква во подрумите на зградата пронајдоа нерашалована шахта која била направена уште кога се правела зградата. Ја рашаловаа и сега треба да видиме дали со тоа ќе се реши овој проблем кој испадна многу посериозен од тоа што се мислеше, вели директорката на градинката Розе Костоска.

Костоска кажува дека ги известиле сите инспекции и санитарна и комунална и за домување и очекуваат во најскоро време нешто да се превземи и овој проблем трајно да се реши.

Пред неколку дена дојде екипа од Центарот за јавно здравје за да направи дезинфекција и дератизација, но кога видоа каква е состојбата ни рекоа дека додека не се отстрани непријатната миризба од фекалиите кои се излеваат попусто е тие да интервенираат, вели Костоска.

Директорката на градинката е категорична дека овој проблем мора да се реши до крајот на летово бидејќи од наесен ќе нема каде да се згрижат дечињата. Во овој објект престојуваа 50 дечиња од градинскиот дел и 16 од јасли. Костоска апелира до родителите да имаат разбирање и трпение бидејќи тие ги прават сите напори за да се санира проблемот и градинката да се приспособи за да ги згрижи нивните деца. Исто така бара помош и поддршка од станарите на зградата бидејќи овој проблем е заеднички и ги засега сите. Од пред неколку дена излевање на фекалиите е забележено и во подрумите на станарите од оваа зграда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top