Денес е ден на жалост во Македонија

Билансот на жртвите од поплавата во Скопје е 21 лице

 |  инфодеск  | 

Според одлуката на Владата донесена вчера по страшното невреме кое зема 21 жртва, денес е Ден на жалост во Македонија. Знамињата пред владата се на половина копје во знак на жалост.
Според последната информација од Министерството за внатрешни работи по катастрофалното невреме во Македонија на викендот, од пронајдените 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не е идентификувана.

Загинатите се главно во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци. Најголем дел од жртвите се удавиле, меѓу нив и едно осумгодишно девојче. Некои биле затекнати во автомобилите и понесени од водната стихија или зафатени од свлечишта.
На вчерашната вонредна седница, Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top